Фудбал
Анчелоти го напушта Реал Мадрид и седнува на клупата на Базел!
Анчелоти наскоро би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели на клупата на Базел! Сепак, не станува збор за прославениот италијански стратег Карло Анчелоти, туку за неговиот син Давиде, кој така за првпат во кариерата би имал самостоен тренерски ангажман.
Давиде почна да тренира во 2013 година, во првиот мандат на Карло на клупата на Мадрид. Тој ја вршеше функцијата фитнес тренер, а во улогата на помошник тренер напредуваше во 2016 година, кога постариот Анчелоти го предводеше Пари Сен Жермен.
Сега, според шпанските медиуми, тој би можел да се раздели со својот татко и за прв пат самостојно да води клуб. Во моментов Базел е само на петтото место во швајцарскиот шампионат, што секако е пласман кој не може да задоволи никого во клубот. Себастијан Фреј беше тренер на Базел до 7 февруари кога доби отказ, а како привремено решение беше назначен Хајко Фогел. Сега се чини дека клубот решил да види дали Давиде научил нешто од својот татко и дали може да ги извлече од кризата која е невидена во овој клуб.