Фудбал
Анчелоти го одби Ливерпул во 2015 година, и тие се многу благодарни на него денес
Искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти се врати во Премиер лигата откако го презеде кормилото на Евертон.
Анчелоти беше разрешен во Наполи минатиот месец, но само по неколку дена беше избран за нов тренер на Евертон. Искусниот експерт на тој начин се врати во Англија додека во претходно го предводеше Челзи.
Во интервју за италијанските медиуми, Анчелоти откри дека преговарал со Ливерпул пред неколку години, но дека не беше постигнат договор. „Редсите“ сакаа да го доведат Анчелоти, но откако не се согласија за условите на договорот, се свртеа кон Јирген Клоп.
„По напуштањето на Реал Мадрид, имав понуда од Ливерпул. Разговаравме во неколку наврати затоа што бараа нов тренер. Сепак, верувам дека го направија најдобриот потег со тоа што го доведоа Клоп. Тој направи фантастична работа и создаде неверојатен тим“, рече Анчелоти.
Откако го напушти Реал Мадрид, Анчелоти реши да замине една година одмор. Тој се врати во тренерските активности една година подоцна, кога го презеде Баерн.