Фудбал
Анчелоти го потврди првото засилување на Реал
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска потврди дека Фран Гарсија ќе биде првото засилување за „кралскиот“ клуб.
Станува збор за левиот бек, кој порасна во Реал Мадрид, а оваа сезона експлодираше во Рајо Ваљекано.
Реал го искористи правото да го врати за сума од пет милиони евра, три повеќе отколку што заработи на неговиот трансфер од Реал Мадрид Кастиља пред една година.
Гарсија е роден 1999 година, влегува во зенитот на кариерата и сега е вистински момент да покаже дали може да биде дел од Реал Мадрид.
„Да, точно е, Фран Гарсија ќе биде нашето прво засилување“, изјави Анчелоти.
Се шпекулираше дека може да се врати и Брахим Дијаз од Милан, но Италијанецот не можеше да го гарантира тоа.
„Не можам да кажам ништо за него, немам коментар“, изјави Анчелоти.