Connect with us

Фудбал

Анчелоти ја брани sвездата: И на Платини му требаше време во Јувентус

Карло Анчелоти ќе го направи своето деби вечерва во Евертон, кој на домашен терен ќе биде домаќин на Барнли во 19. коло од англиското првенство.

Во пресрет на овој предизвик, италијанскиот тренер зборуваше за тешкотијата на Моизе Кен да се прилагоди на англискиот фудбал.

„Се сеќавам како Фалкао се прилагоди на Рома и Платини во Јувентус. Потребни беа месеци да се прилагодат. Мора да имаме трпеливост со Кен, исто како и со сите млади“, рече Анчелоти.

„Наполи го сакаше Кен, но Евертон ми помина. Не се сомневам во неговата способност, тој има само 19 години. Тој се пресели на ново место, има нови соиграчи. Сè за него е ново“.

„Треба да му помогнеме да се чувствува подобро. Лозано го имаше истиот проблем во Наполи, но тој не е 19, туку 24 години. Потребно е време да се прилагоди“.