Connect with us

Фудбал

Анчелоти ја откри тајната: Што им покажал на играчите пред мечот со Сити?!

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа го совлада Манчестер Сити со 3-1 во незаборавен натпревар по продолженијата.

Кралевите направија ново чудо. Тие губеа со 1:0 до 90. минута, но потоа во чудесен пресврт Родриго постигна два гола за да одат во продолжение каде Карим Бензема погоди од пенал за победа и пласман во финалето.

По натпреварот Карло Анчелоти беше повеќе од среќен бидејќи неговиот тим  направи ново чудо.

„Ги елиминиравме тимовите кои беа фаворити за освојување на натпреварувањето. Добро ни оди“, рече насмеаниот Анчелоти и продолжи:

„Не е лесно да се објасни што се случи. Сите мислеа дека Сити продолжува понатаму, но еден мал детал менува сè. Тоа што се случи е нереално. Не можам доволно да им се заблагодарам на играчите за тоа што го прават. Атмосферата е прекрасна“.

Италијански стручњак откри како ги мотивирал играчите за реваншот.

-Пред натпреварот им пуштив на играчите снимки од нашите претходни пресврти и им реков да излезат на теренот и да направат уште еден“, истакна одличниот Италијанец.

„Кралевите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе играат против Ливерпул, а финалето ќе се игра на 28 мај во Париз на стадионот „Франција“.

Реклама

Facebook