Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Не ми е јасно зошто го купивме Елиф Елмас

Речиси сите турски медиуми објавија изјава на поранешниот тренер на Наполи, а сега на Евертон, Карло Анчелоти во која со пофални зборови опишува каков играч е Елиф Елмас. Воедно, Анчелоти вели зошто воопшто Наполи го купувал, ако сега не игра.

-Се уште не ми е јасно зошто го купувавме Елиф Елмас, вели Анчелоти, а пренесуваат турските медиуми, алудирајќи на неговата мала, речиси никаква минутажа кај Џенаро Гатузо.

– Елиф Елмас е многу посебен играч. Ни беше потребен играч со таленти како него, потенцира Анчелоти.

Токму на инсистирање на Анчелоти Елмас беше купен од Фенербахче.