Фудбал
Анчелоти не отпатува со Реал Мадрид во Лондон
Екипата на Реал Мадрид одлета на утрешното гостување на Челзи во Лигата на шампионите без нивниот тренер Карло Анчелоти, кој се уште е во карантин поради коронавирусот, објавија мадридските медиуми.
Последниот ПЦР тест на тренерот повторно беше позитивен и тој го пропушти летот на неговиот тим за Лондон. Сепак, се уште има шанси тој да може да пристигне навреме на мечот, бидејќи вечерва ќе направи нов тест. Доколку овој пат резултатот биде негативен, Анчелоти вечерва или утре заминува во британската престолнина. Италијанскиот стручњак веќе шест дена е во изолација и не успеа да го води тимот во победата од 2:1 над Селта . Потоа беше заменет со тандем од неговиот син Дејвид и друг асистент, Абиан Пердомо. Еден од двајцата ќе се појави на денешната прес-конференција, а голема е веројатноста дека дотичниот двоец ќе треба да ги води Мадрид и на утрешниот натпревар.
✈️🇬🇧 El @realmadrid viaja a Londres sin @MrAncelotti
📺 #Golazo pic.twitter.com/b5ArRtNlSv
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) April 5, 2022