Фудбал
Анчелоти: Ни недостигаше свежина и одигравме лош натпревар
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги објасни причините за поразот од Рајо Ваљекано со 2-3 во Примера. Според него, неговиот тим само одиграл лош натпревар, а заморот си го направил своето.
„Знаевме дека не чека ваков натпревар. Беа поофанзивни во дуелите. Тоа е голема ноќ за нив. Винисиус пропушти две-три прилики кои вообичаено ги постигнува. Асенсио се снајде добро, но генерално беше лош натпревар за нас“, смета Анчелоти.
„Ни недостигаше свежина, што е нормално по толку многу натпревари. Ако ја оцениме првата фаза од сезоната, мислам дека добро поминавме. Стигнавме до 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а одлично ни оди и во Ла Лига“, додаде италијанскиот тренер на Лос Бланкос.