Connect with us

Фудбал

Анчелоти ризикува, Наполи бара тренер. Претседателот контактира со тројца познати Италијани

Поразот на „Сан Паоло“ од Болоња дополнително ја оштети врската помеѓу Наполи и Карло Анчелоти, чија позиција е разнишана повеќе од кога и да било. Како што објави „Кориере дело Спорт“, всушност, Аурелио Де Лаурентис веќе го бара новиот тренер. Тој веќе остварил телефонски контакти со Масимилијано Алегри, Лусијано Спалети и Рино Гатузо. Прв со кој стапи во контакт беше поранешниот тренер на Јувентус.

Алегри во првиот неформален разговор со Де Лаурентис ја отфрли можноста оваа сезона да седне на клупа. Доколку поранешниот тренер на Јуве и Милан не сака да седне на клупата, претседател веднаш би се обратил кон Лучијано Спалети. Со поранешниот тренер на Интер, телефонскиот разговор бил и од економски аспекти. На крајот беше контактиран Рино Гатузо, чија решеност е високо ценета од Де Лаурентис, кој би сакал да го види како ги собира играчи на теренот. Во меѓувреме, Наполи се соочува со два тешки натпревари, со Удинезе и Генк. Резултатите од овие средби ќе одлучат многу за тренерот. Позицијата на Анчелоти станува сè понесигурен.