Connect with us

Фудбал

Анчелоти се погрижи за првото големо засилување на Евертон?

Договорот на Тијаго Силви со ПСЖ е истечен, а тој сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Беше споменато дека тој е понуден на Милан, но како што пишуваат медиумите во Англија, тоа не е точно и тврдат дека неговиот клуб е познат уште од претходните денови.

Имено, англиските медиуми тврдат дека разговорот со играчот го водел лично Карло Анчелоти, и дека тој бил успешен.

Доколку може да се верува на овие наводи, се чека само договорот на клубот со играчот за платата, а Тијаго Силва ќе го засили тимот на Евертон.

Анчелоти е многу запознаен со способностите на Силва затоа што двајцата имаа можност да соработуваат кога Италијанецот беше тренер на ПСЖ.