Connect with us

Фудбал

Анчелоти во нов клинч со Перез, дали е ова најсилниот Реал за сезоната 2023/24? Еве како ќе изгледа првата постава (ФОТО)

Реал Мадрид следната недела ги започнува подготовките за сезоната 2023/24, а Карло Анчелоти речиси веќе знае како ќе изгледа неговиот тим. Ситуацијата околу Килијан Мбапе е доста комплицирана, па Италијанецот се уште верува во Хоселу, иако Родриго може да игра и на напаѓачката позиција.

Секако, левото крило е резервирано за Винисиус Јуниор. Најголема гужва има во средниот ред каде пристигна Џуд Белингем, а на крајот никој не си замина, бидејќи нови договори потпишаа Тони Крос, Лука Модриќ и Дани Себаљос.

Со Едуардо Камавинга и Аурелиано Чуамени конкуренцијата е огромна. Федерико Валверде речиси сигурно ќе биде опција на десното крило, поконкретно кога напаѓач е Родриго. Мадридските медиуми посочуваат дека Камавинга ќе биде сигурен стартер, исто како новодојдениот Џуд Белингем, па се очекува Крос и Модриќ да ротираат многу повеќе. Засега Чуамени го чека улога од клупата, Себаљос е одамна таму и ќе има најмалку минутажа од сите.

Што се однесува до одбраната, медиумите пишуваат дека Флорентино Перез сака да го продаде Ферлан Менди, но дека Карло Анчелоти не се согласува со тоа. Иако останува Начо, кој може да игра на левото крило, покрај повратникот Фран Гарсија, Анчелоти верува дека било грешка ако Менди замине. Има понуди од Франција и Саудиска Арабија и неговата иднина е неизвесна. Во срцето на одбраната во ротација остануваат Милитао, Алаба и Ридигер, а познато е само дека Бразилецот е главен и ќе има најголема минутажа. Десното крило е покриено, Дани Карвахал останува стартер, а Лукас Васкез ќе биде резервна опција. Тоа значи дека во повеќето случаи, во овој момент, стартната постава во најважните натпревари ќе изгледа вака: