Connect with us

Фудбал

Анчелоти за Бејл го потврди она што веќе сите го знаат: „Тој сака да ја заврши приказната…“

Герет Бејл пристигна пред речиси девет години како големо засилување во Реал Мадрид од Тотенхем, но се чини дека не успеа да ги оправда очекувањата.

Кралскиот клуб за Бејл во летото 2013 година издвои дури 100 милиони евра, но многу навивачи на Реал Мадрид сметаат дека Велшанецот не го исполнил тоа што се очекувало од него во дресот на овој клуб.

Бејл успеа да освои речиси се што можеше со Реал Мадрид, но неговиот престој во мадридскиот клуб беше исполнет со неколку скандали и „кавги“ со навивачите на овој клуб.

По враќањето од позајмица од Тотенхем ова лето, многумина беа изненадени што Бејл реши да остане во Реал Мадрид оваа сезона, но се покажа дека тоа не е најдобрата одлука за него.

Тој во досегашниот дел од сезоната одигра само четири натпревари и успеа да постигне само еден гол. Неговиот договор со Реал истекува на крајот на сезоната и сега е јасно дека Бејл нема да остане.

Тренерот на овој тим Карло Анчелоти на прес-конференцијата потврди и дека Бејл најверојатно ќе го напушти кралскиот клуб на крајот на оваа сезона како слободен играч.

„Бејл имаше многу проблеми со повреди оваа сезона, а договорот му истекува. Можеби не е добро мотивиран, но сака да ја заврши приказната во Реал Мадрид онака како што заслужува. Важно е Бејл добро да ја заврши својата приказна во Реал затоа што навистина го заслужува тоа“, изјави Анчелоти.