Connect with us

Фудбал

Анчелоти за Бензема: Невозможно е да бидеш најдобар на секој натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана во одбрана на напаѓачот на својот тим Карим Бензема.

– Невозможно е да се биде на врвот на секој натпревар. Не сум загрижен за Карим, бидејќи гледам дека е во добра физичка форма. Дефинитивно подобар од првиот дел од сезоната. Реал Мадрид игра добро во нападот, ние сме најпродуктивниот тим во Ла Лига. Бензема имаше лоша серија, но ништо повеќе, клубот нема проблеми со голови, против Ливерпул постигнавме пет. На Реал Мадрид не му треба висок напаѓач, туку нашиот тип на напаѓач одлично го опишува Карим. Не ни требаат класични центарфори. Бензема многу му помогна на Реал Мадрид. Доаѓа решавачката фаза од сезоната, а Карим, како и ние, е се поблиску до трофеите, го цитира „АС“ Анчелоти.

Триесет и петгодишниот Бензема оваа сезона забележа 26 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 18 гола и пет асистенции.