Connect with us

Фудбал

Анчелоти заигра на прославата на титулата и ја насмеа цела Шпанија

Реал Мадрид вчера по 35-ти пат ја освои титулата во Шпанија, а славјето траеше до утринските часови.

Кралскиот клуб го победи Еспањол со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“ и на четири кола пред крајот на шампионатот во Ла Лига успеа да ја обезбеди титулата.

Фудбалерите на Реал Мадрид ја прославија новата титула со навивачите на Бернабеу, а потоа прославата се пресели на улиците на шпанската престолнина.

Како што е обичај, фудбалерите на Реал со автобус го обиколија центарот на Мадрид, а потоа сите славеа на главниот плоштад во овој град.

Во центарот на вниманието на јавноста беше Карло Анчелоти, кој максимално се опушти за време на прославата. Италијанскиот стручњак дури и танцуваше со Винисиус Јуниор што насмеа многумина.

Исто така, треба да се напомене дека Анчелоти е првиот тренер во историјата кој успеал да стане шампион со клубовите во сите пет лиги, што е навистина неверојатен потфат.