Connect with us

Фудбал

Андреа Пирло се врати во Јувентус

Легендарниот фудбалер на Јувентус и еден од најдобрите фудбалери за врска на сите времиња, Андреа Пирло се врати во таборот на „Старата дама“. Како што информираше клубот, тој е назначен за тренер на тимот за играчи до 23 години, која се натпреварува во Серие Ц. Ова е шанса Пирло да се обиде како тренер и секако доколку биде успешен, сигурно ќе следува нов ангажман.

Инаку, Пирло е еден од ретките фудбалери кои играл за трите најголеми италијански клубови Интер, Милан и Јувентус, а ги освоил симпатиите на сите навивачи.