Други спортови
Андреску се повлече од турнирот во Стразбур поради проблеми со стомачните мускули
Седмиот светски рекет, Бјанка Андреску се повлече од турнирот во Стразбур откако ја победи Марина Заневскаја (6:1, 6:4).
– Среќна сум со денешната победа, но нема да го играм следниот натпревар бидејќи почувствував проблем со стомачните мускули и не сакам воопшто да ризикувам пред Ролан Гарос. Ништо не е сериозно, сепак морам да бидам претпазлива. Овде одиграв добро и задоволна сум со овие два натпревари пред Грен слемот во Париз, изјави Андреску.
По нејзиното повлекување, подобрата од мечот Сорана Кирстеј и Чан Шуаи ќе се пласира во полуфиналето без борба.
Оваа сезона, Андреку настапи на само четири турнири поради повреди и коронавирус. Има биланс од 11 победи и три порази.