Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Имаме трема, по две години, утре пред публика

„Фудбалот се игра за публика, искрено имаме позитивна трема“, рече на прес конференција селекторот Игор Ангеловски.

„Фудбалот се игра за публика, искрено имаме позитивна трема. Посакуваме да се наполни стадионот максимум колку е дозволено. Нашите навивачи кои ни даваа поддршка, а не можеа да дојдат на стадион, утре се надевам дека ќе напраат вистинска атмосфера бидејќи овие дечки тоа го заслужувааат“ – вели македонскиот селектор и дополнува:

„Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар тие 11 што ќе истрчаат се прв состав. Овие два натпревари ќе ни бидат подготовки, но без многу експерименти бидеќи не сум таков тренер. Знам дека сите ќе го дадат максимумо како и секогаш без разлика што е крај на сезона. Капитенот Пандев, како и сите други фудбалери, знам дека ќе летаат по терен“.

На прес-конференција пред утрешниот прв тест-дуел за националниот тим во очи на ЕВРО 2020, со Словенија, Ангеловски вели дека  сите во селекцијата се подготвени за максимум на секој натпревар.

„Момците работат одлично. Во минатите три години Македонија била таа што спарингувала со учесници на големи натпреварувања, но сега ние сме тие кои одиме на првенство, па одбираме и противници за спаринг. Словенија е добар противник со кој игравме во квалификациите и затоа очекувам добар натпревар, прва подготовка за тоа што не очекува на ЕП“ – вели Ангеловски.

Пријателскиот натпревар Македонија-Словенија ќе се одржи во вторник на стадионот Тоше Проески, во 18.00 часот.