Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски ќе повика нови фудбалери? Елмас го повреди бутниот мускул – без Николов и Спировски против Ерменија

elif elmas

Денешниот натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје предизвика сериозни проблеми за нашата селекција. Елмас се пожалил на болки во бутниот мускул и тоа е причината заради која бил заменет во завршницата.

Двајцата фудбалери од средниот ред Бобан Николов и Стефан Спировски заработија втори жолти картони во ова издание од Лигата на нации поради што ќе мора да го пропуштат следниот натпревар, а тоа ќе биде дуелот со Ерменците.

Остануваа во стожерот Дориев, Костадинов и Тотре, а ќе има и нови повикувања. Челниците на федерацијата ги проверуваат протоколите за ковид-тестирање, по кои ќе се знае кои фудбалери и од кои земји и првенства можат да отпатуваат на Кипар.

Македонија во групата 2 има девет бода и се наоѓа пред Грузија која има шест и пред Ерменија со пет бода. Последното коло ќе се игра на 18 ноември, а нашиот национален тим на неутрален терен во Кипар ќе игра со Ерменците.

loading...

Facebook