Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски: Не смее да мислиме дека сме непобедливи и покрај резултатите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вели дека заслуживме прво место и пласман во Лига Б од Лигата на наации.

„Сакаме да бидеме први во Лига Ц, целиме кон Лига Б. Ја добивме Естонија, сега одиме на Кипар. Немаме пораз оваа сезона, ги победивме сите во Лигата на нациите. Заслужуваме да ја заокружиме оваа година со победа“, изјави Игор Ангеловски – селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Тој додава дека секој оној што ќе добие шанса, мора да покаже дека заслужил да ја добие.

Во однос на проблемите во состанов, бидејќи Елмас се жали на повреда, вели дека не може да се смета на суспендираните Николов и Спировски, а Ристевски пак не може да патува за Никозија.

Вели дека допрва ќе се размислува како истите да се покријат.

Последниот натпревар од Лигата на нации, Македонија го игра за три дена во Кипар, каде ќе се соочи со селекцијата на Ерменија.

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Естонија (2-1) ги заврши „домашните“ обврски во новата сезона во Лигата на нациите и остана во пол-позиција за освојување на првото место во групата кое носи промоција во Лига Б.

loading...

Facebook