Connect with us

Тајмаут

Англичаните открија: Гвардиола на бизарен начин расипа четири скапи автомобили

Објавено:

Вчера англиските медиуми ја објавија статија за Пеп Гвардиола, кој не е многу примерен возач.

Гвардиола е секако еден од најдобрите тренери во светот, но во однос на возењето и вниманието на автомобилот, не е најдобар. Уште од Барселона, тој има репутација како лош возач, а тоа го докажа и во Англија.

Тренерот на Манчестер Сити успеа да расипа четири скапи автомобили на прилично бизарен начин. Последен што „настрада“ беше Мерцедес ГЛЕ, кој чини околу 80.000 фунти.

„The Sun“ откри дека причината за неуспехот на скоро сите овие автомобили е фактот дека Гвардиола пумпал погрешно гориво. Кога вози бензин, тој става дизел гориво, а кога е зад воланот на „дизел мотор“, тогаш тој става бензин, што е навистина бизарно.

Но, очигледно на Гвардиола тоа не му е проблем, а во Манчестер Сити дури му понудија возач, но тој одби.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com