Connect with us

Фудбал

Англичаните во шок од Бензема: Постеше цел ден, јадеше 13 минути пред мечот и го растури Челзи

Реал славеше против Челзи на крилата на неверојатниот Бензема со 3:1, а францускиот напаѓач синоќа постигна хет-трик и уште еднаш покажа дека игра во навистина неверојатна форма.

Бензема е најзаслужен што Реал воопшто стигна до четвртфиналето, бидејќи на реваншот против ПСЖ постигна хет-трик. За Французинот ова беше втор хет-трик во низа во Лигата на шампионите, што е навистина импресивно.

Утринава англиските медиуми пишуваат за неверојатниот Бензема, кој сезонава постигна дури 37 гола на 36 натпревари за Реал Мадрид и покажа зошто е првата ѕвезда на најтрофејниот европски клуб.

Сепак, покрај играта на теренот, англиските медиуми се во шок затоа што Бензема вчера постеше цел ден, а потоа лесно го совлада европскиот првак.

Познато е дека Бензема е многу посветен на верата во исламот и дека пости секој Рамазан, а така е и оваа година. Англичаните се зачудени што Бензема вчера цел ден ништо не јадеше, ниту пиеше, а потоа одигра една таква партија.

Бензема имаше ифтар 13 минути пред почетокот на натпреварот, а потоа излезе на теренот и постигна хет-трик на Стемфорд Бриџ“, пишува SportBible.

Пред неколку дена Бензема даде интервју во кое зборуваше за Рамазан и објасни дека се чувствува одлично кога пости и дека тоа нема никакво влијание врз неговите игри на теренот што најдобро се покажа синоќа.