Фудбал
Англија без Медисон и Вокер за нивниот прв натпревар во Катар
Селекторот на Англија Герет Саутгејт потврди дека Џејмс Медисон и Кајл Вокер се надвор од неговиот тим за првиот натпревар на трите лава на Светското првенство. Англија ќе ги одмери силите со Иран во понеделник во 16 часот.
„Малку е рано за Кајл Вокер, но тој добро се опоравува. Џејмс немаше шанса да тренира откако пристигнавме и нема да може да игра утре“, изјави Саутгејт.
„Мораме да мислиме на многу работи при изборот на составот. Има рамнотежа во тимот. Искуството во вакви моменти е важно бидејќи не секој играч знае како е да го носиш тимот на Англија. Понекогаш не знаеш како луѓето ќе реагираат додека не се најдат во таа ситуација „Играчите како Рахим Стерлинг и Хари Мегваер се претставија на ниво под рефлекторите и се навикнати на нив да се потпираат“, додаде Саутгејт.