Фудбал
Англија без Медисон во Скопје
Англискиот фудбалер Џејмс Медисон го напушти денеска репрезентативниот камп и нема да биде во комбинација за настап на претстојните два евроквалификациски дуели поради повреда на скочниот зглоб.
Англија, која веќе го обезбеди пласманот на ЕУРО 2024, во двата завршни натпревари во рамки на квалификациската група Ц на 17 ноември ја пречекува Малта, а на 20 овој месец ќе ѝ гостува на македонската репрезентација во Скопје.
Медисон се повреди во понедленикот настапувајќи за Тотенхем во градското дерби против Челзи.
Тотенхем соопшти дека Медисон ќе остане во клупскиот тренинг центар на рехабилитација.