Connect with us

Фудбал

Англија на нозе, Ливерпул подготвува отказ за Јирген Клоп, но стравуваат од реакцијата на навивачите!?

По поразот од Реал во Лигата на шампионите (2:5) на домашен терен, алармот се вклучи во Ливерпул. Особено што „Црвените“ играат очајно оваа сезона. Тие беа елиминирани од двете куп натпреварувања во Англија, додека во Премиер лигата немаат шанси да се борат за титулата. Во моментов Ливерпул е на осмото место во шампионатот, со 19 бода помалку од лидерот Арсенал.

Како главен виновник за оваа ситуација е посочен Јирген Клоп, а еден од изворите од клубот откри дека дел од раководството на Ливерпул смета дека Германецот треба да биде сменет за да се внесе нова енергија во тимот. Англиските медиуми шпекулираат и се прашуваат дали Клоп ќе биде сменет, или тој самиот ќе поднесе оставка.

Како можен наследник се споменува сонародникот на Клоп, Јулијан Нагелсман, стратегот на Баерн Минхен, кој остварува променливи резултати кај Баварците. Клоп дојде во Ливерпул во 2015 година кога го наследи Брендан Роџерс.

Германецот Јирген Клоп (55) на „црвените“ им ја донесе првата титула во Премиер лигата по 30 години, како и една Лига на шампиони, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, Комјунити Шилд, Лига куп и ФА куп.

Треба да се напомене дека Јирген Клоп има култен статус меѓу навивачите на Ливерпул и дека без разлика на лошите резултати тие се со својот тренер. Јирген Клоп нема добиено ниту еден свиреж, а камоли погрден збор во овие осум години на „Енфилд“.