Connect with us

Тајмаут

Англија во шок: Млад фудбалер убиен, полицијата открива што се случило

Англија беше потресена од веста за смртта на Џордан Синот, по што следуваа повеќе информации за убиството на 25-годишниот фудбалер!

Првите вести од „Островот“ за смртта на фудбалерот не беа сериозно сфатени.

Меѓутоа, кога полицијата одговори, стана јасно дека играч на Метлок Таун на позајмица од Алфретон всушност починал од насилна смрт!

Џордан почина во болницата во саботата наутро како резултат на повредите здобиени во тепачката истата вечер.

Синот беше пронајден во несвест на улицата околу два часот по полноќ со сериозни повреди на главата. За жал, тие беа кобни за младиот фудбалер.

Полицијата соопшти дека Синот е повреден во пресметка во кој учествувале вкупно осум лица, меѓу кои и една жена. Покрај Џордан, двајца други се повредени, но не претрпеле толку сериозни повреди.

Полицијата уапси две 21-годишни лица под сомнение за вмешаност во фатална пресметка.