Connect with us

Фудбал

АНГЛИСКА СЕЗОНА: Ливерпул и Арсенал први, традицијата вели ќе има и голови

Со натпреварот меѓу Ливерпул и Арсенал вечерва на „Вебли“ треба да биде означе стартот на новата сезона во Англија. Традиционално, новата сезона во англискиот фудбал стартува во дуелот од Комјунити шилд, односно битката за трофејот во Суперкупот.

Минатата сезона Ливерпул беше целосно фокусиран на освојување на титулата во Премиер лигата, поради што останатите натпреварувања ги стави во втор план. Меѓутоа, не веруваме дека фановите на „црвените“ беа разочарани поради тој факт, затоа што во овие 30 години, колку што ги чекаа своите миленици да го подигнат трофејот наменет за најдобриот англиски клуб, имаа можност да се радуваат на други титули освоени од тимот од „Енфилд“.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се жали дека малку се само две недели подготовка за старт на новата сезона, но тоа е период за сите клубови.

„Дали би сакал да играм ваков значаен меч по само две недели подготовка? Секако дека не. Сепак, ова нека да биде пријателска средба против Арсенал, туку битка за трофеј. Ние, а сигурно и Арсенал се подготвувавме за цела сезона, а не само за овој дуел. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Среќни сме што воопшто може и да играме“, рече Клоп.

На последните три натпревари, вклучувајќи и еден од Лига Купот, Ливерпул беше поуспешен, па затоа веруваме дека ќе биде и сега. Традицијата најавува доста голови на „Вембли“, кој и овој пат ќе биде празен, па размислете и за ГГ3 + и KМБ 1+I&1+II.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com