Фудбал
Ансу Фати бил тајно опериран – Барса во неверување
Ансу Фати многу веројатно ја заврши оваа сезона. Повредата на коленото е покомплицирана од првичните прогнози.
Оваа вест ја потврди и лекарот Мигел Љобет, кој истакна дека Фати морал да биде подложен на нов зафат поради отекувања и болки во коленото.
Оваа сезона започна добро, но заработи тешка повреда на коленото. Беше опериран во ноември и првичните прогнози беа дека ќе се врати на терените за четири месеци. Се појавија непредвидени компликации, бидејќи фудбалерот не се рехабилитираше според планот, па пред две недели повторно беше опериран.
Барселона ќе мора без Фати, како и репрезентацијата на Шпанија, бидејќи ја заслужи поканата во националниот тим со својата игра на крајот на минатата година.