Фудбал
Анте Ребиќ пред трансфер на кариерата
Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ (25) се наоѓа пред трансферот на кариерата.
Како што наведуваа Хрватските и Италијанските медиуми, Ребиќ ќе стане нов член на Баерн Минхен, а преговорите за трансферот се многу близу до крајот.
Агентот Фали Рамадани отпатува во Минхен каде би требало се да се заврши и одличниот офанзивец ќе стане нов член на баварскиот великан.
Ребиќ покажа одлична игра на Светското првенство. Тоа привлече многубројни тимови, а во претходната сезона одлично играше во Ајнтрахт Франкфурт кој беше под водство на сегашниот тренер на Баерн Минхен, Нико Коваќ.
Хрватскиот фудбалер претходно настапуваше за Верона, Лајпциг, Фиорентина и РНК Сплит, а член на Франкфурт е од 2016. година.
Баварците за Ребиќ ќе мораат да „искешираат“ 30 милиони евра.