Connect with us

Фудбал

Арапите го враќаат миленикот на навивачите на Њукасл и му ветуваат дрим-тим

Иако екс тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино беше означен како прва желба, сепак британски „Телергаф“ повикувајќи се на сигурни извори, објави дека богатите Арапи кои го купија Њукасл, на „Сент Џејмс Парк“ ќе го вратат миленикот на публиката.

Тоа е Рафа Бенитез. И, не само тоа. Му ветуваат создавање на дрим-тим со кој ќе може да го нападне врвот во англиската Премиер лига следната сезона.

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман го купил клубот, но се уште се чека официјализирање. Сумата е 300 милиони евра, а уште барем толку се шпекулира дека ќе бидат вложени во трансфери.

Наводно желбите на Бенитез се Стонс од Манчестер Сити и Баркли од Челзи. Се спомнуваат Артуро Видал, но и Гонзало Игуаин, кој сигурно заминува од Јувентус. На листата е и Рабио од Јувентус кој никако да го пронајде местото во Торино.

За потсетување Рафа Бенитез беше тренер во Њукасл од 2016-та до 2019-та, но замина поради недоразбирања со сега веќе екс сопственикот Мајк Ешли.