Фудбал
Арапски клубови во Лига на шампиони!? Дали ќе бидеме сведоци на тектонски промени во фудбалот, поради парите се е можно!
Саудиска Арабија реши да вложи огромни пари во фудбалот и голем број познати фудбалери одат во нивната лига каде ги чекаат огромни плати. Се започна со Кристијано Роналдо, серијата продолжи со Карим Бензема, Н’Голо Канте, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Нејмар и многу други фудбалери, а се чини дека сите амбиции на Саудиска Арабија не завршуваат тука и полека се подготвуваат за следната чекор кој би можел да направи тектонски промени во фудбалот.
Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ се појавиле шпекулации дека Арапите сакаат да играат во Лигата на шампионите, но во Европа. Според засега непотврдени информации, богатите шеици имале за цел да добијат посебно место во најсилното натпреварување на УЕФА од следната сезона, кое секако е резервирано само за клубовите чии земји се членови на ова тело.
„Во следните месеци, УЕФА би можела да добие многу конкретно барање, а тоа е да му издаде специјална покана на шампионот на Саудиска Арабија за Лигата на шампионите. Ова ќе им овозможи на клубовите како Ал Итихад, Ал Ахли, Ал Наср или Ал Хилал да се натпреваруваат против најдобрите клубови на стариот континент и на тој начин добиваат уште поголема популарност“, се наведува во текстот на реномираниот весник од Италија и потсетува дека за нив би можел да функционира новиот формат на Лигата на шампионите.
Од следната сезона Лигата на шампионите се менува и 36 клуба ќе се натпреваруваат во една единствена група, наместо досегашните осум, па ќе има повеќе места за „изложби“ на сметка на посиромашните. Затоа и не би било изненадување Саудијците да почнат да го спроведуваат овој проект. Поточно, иднината на фудбалот изгледа е таква што или ќе ги гледаме арапските клубови во Лигата на шампионите под капата на УЕФА или нема да биде изненадување да видиме како Саудијците лансираат сопствено натпреварување и ги мамат клубовите од Европа со пари.