Connect with us

Фудбал

Араухо: Операцијата е најдобрата опција, се работи за моето здравје

Централниот дефанзивец Роналд Араухо изјави дека операцијата, со која ќе го пропушти Светското првенство со Уругвај и половина сезона со Барселона, била неговата единствена опција. Констатирана му е скината на тетивата.

„Операцијата е најдобрата опција“, напиша тој на Твитер откако беше критикуван од медиумите и обожавателите во неговата земја.

“Ја сакам мојата земја и ја сакам репрезентацијата. Сепак, во овој случај не се работи само за некаков избор, туку за моето здравје. Ова е тежок момент за мене и сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја добив”. Араухо ќе биде опериран во Финска.