Connect with us

Други спортови

Арбреша Реџепи нема да го носи македонското знаме на ОИ во Токио

Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите, информираа од Македонскиот олимписки комитет.

Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.