Фудбал
Арда ги „олесна“ Барселона 55 милиони евра и се враќа дома во Турција
Тускиот репрезентативец во редовите на Каталнскиот клуб оваа сезона не одигра ниту еден натпревар во дресот на Барселона, а на зелениот терен се појави само при загревањето. Шпанските медиуми на големо информираа дека Арда ужива во најпознатите коцкарници и ноќни клубови. Ништо не работеше, а имаше милионска плата.
Челниците на Барселона сфатија дека нема клуб кој ќе купи таков играч, со такви перформанси и дека не може да го врати поголемиот дел од 35 милиони евра, кои 2015 година беа одвоени за обештетувањето на тогашниот фудбалер на Атлетико. Поради таквата ситуација, Барса мораше да ја прифати понудата на лидерот во турската Супер лига, тимот на Истанбул Башакшехиспор, за две и пол годишна позајмица на искусниот играч за врска. Кога ќе заврши позајмицата, Арда ќе има статус на слободен играч. Лидерот во домашниот шампионат важи за омилен клуб на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Каталонскиот гигант не доби ниту едно евро како обештетување за најлошиот фудбалер во клупската историја, но се реши од огромната годишна плата на Турчинот. Барселона на Туран вкупно потроши околу 55 мил. евра. Интересно, Арда за лидерот во Примера дивизион одигра вкупно 55 натпревари, на кои постигна 15 погодоци, односно, секој настап вредел милион евра, а секој погодок 3.6 мил. евра.