Фудбал
Аргентина е првата селекција што ги распродаде билетите за Светското првенство
На 54 дена пред почетокот на Светското првенство во Катар 2022, аргентинската репрезентација стана првата селекција која ги распродаде билетите за натпреварите од групната фаза.
Се проценува дека околу 40 илјади луѓе кои живеат во Аргентина купиле билети за Светското првенство и ќе патуваат на големиот настан од Јужна Америка. Додека остатокот од пасовите кои ФИФА ги обезбеди за натпреварите на Албиселест ги купија Аргентинци кои живеат во странство како и странци кои сакаат да го видат тимот со капитенот Лионел Меси.
Тимот предводен од Лионел Скалони е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.