Connect with us

Фудбал

Аргентина е втората селекција која најдолго чекаше на уште еден трофеј на Мундијалот

Аргентина е новиот светски шампион . Албиселест го постигна ова по трет пат во својата историја, откако го направи тоа во 1978 и 1986 година. Аргентина со пенали ја надмина Франција, завршувајќи 4:2, а регуларното време заврши со резултат 2:2, а по продолженијата – 3:3.

Аргентина чекаше 36 години за да ја освои третата титула. Само Италија чекаше подолго – 44 години, помеѓу 1938 и 1982 година, за повторно да стане светски шампион.