Connect with us

Фудбал

Аргентина има селектор до Светското првенство во 2026 година

Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Мики Тапија, најави дека Лионел Скалони ќе продолжи да биде селектор на националниот тим. Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Јамајка со 3:0, а потоа стана јасно дека Скалони има резервирано место на чело на тимот до 2026 година.

Со гордост објавуваме дека се договоривме Лионел Скалони да остане селектор на Аргентина до Светското првенство во 2026 година“, напиша Тапија на Твитер.

44-годишниот Аргентинец е селектор на репрезентацијата на Аргентина од август 2018 година. Под негово водство тие имаат 33 победи и 12 нерешени во 49 натпревари.