Фудбал
Аргентина победи, а Лионел Меси покажа дека е класа и на 35 години (ВИДЕО)
Фудбалската репрезентација на Аргентина одигра пријателски натпревар против Австралија и успеа да слави (2-0) на теренот во Пекинг, Кина. Првиот гол беше дело на Лионел Меси кој го постигна по 80 секунди игра, навистина на прекрасен начин. Конечните 2:0 ги постави Пецеља во 68-ма минута. Аргентина на 19-ти јуни ќе одигра нов пријателски меч, овој пат против Индонезија.