Connect with us

Фудбал

Аргентинецот облече дрес на српски второлигаш и ги „запали“ социјалните мрежи (ФОТО)

Пауло Дибала во Србија, во Втора лига. Се чини дека се поголеми шансите да „удри гром во коприва“, отколку ова да се случи. Но, Дибала навистина облече дрес на српски второлигаш. Станува збор за клубот УБ Единство. Но, што точно се случи. Имено, познато е дека соиграч во Рома со Дибала е Немања Матиќ. Тој ја започнал кариерата во овој клуб, а нивниот однос во Рома е одличен. Па, така Матиќ му дал дрес од УБ Единство на Дибала, на кого веројатно му се допаднал и го облекол. Така настанала и фотографијата која се најде на социјалните мрежи на српскиот второлигаш, кој ја објави фотографијата и напиша:
-Дали сте подготвени за нов потпис?!

Сепак, од потписот нема да има ништо, но сигурно е дека во клубот се горди што барем „рекреативно“ Дибала го носел нивниот дрес.