Фудбал
Аргентинецот се полош и полош: Конте го испраќа Лаутаро на клупата?
Интересот на Барселона за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е веќе добро позната приказна.
Многумина се убедени дека Барселона ова лето ќе може да го донесе Аргентинецот, кој во иднина треба целосно да го замени Луис Суарез.
Сепак, како што шпекулациите продолжуваат, така Мартинез игра полошо и полошо.
Тој разочара со бледа игра во повратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија против Наполи, а кога сето тоа ќе се додаде, Мартинез не постигна гол на последните шест натпревари во дресот на Интер. Пред тоа, тој постигна 16 голови на 26 натпревари.
Критиката кон Мартинез од страна на навивачите и медиумите повторно доаѓа, а „Gazzetta dello Sport“ пишува дека Конте би можел да го смести на клупата.
Тренерот Конте сепак го има на располагање опоравениот Алексис Санчез, па во продолжението на сезоната во Серија А (што се очекува наскоро), Чилеанецот би можел да му прави друштво на Лукаку во нападот на „Нероазурите“.
Лаутаро Мартинез го постигна последниот гол во дресот на Интер на крајот на јануари (секако, во средината на март сите натпреварувања беа прекинати поради пандемијата на коронавирус), а во вториот дел од сезоната тој паѓа според сите други статистички параметри.