Connect with us

Фудбал

Аријан Адеми претставен во новиот клуб!

Аријан Адеми беше претставен во својот нов клуб, кинескиот Пекинг Гуан, кој на 15 април ќе ја започне новата сезона во кинеската Супер лига. Адеми во новиот клуб ќе го носи бројот 45, а според Трансфермаркт ќе биде највреден играч таму следната сезона (четири милиони евра). Ќе ја заработува највисоката дозволена плата во кинескиот шампионат – 1,65 милиони евра по сезона. Динамо од неговиот трансфер заработи еден милион евра, а со Кинезите потпиша тригодишен договор.