Connect with us

Фудбал

Аријан Адеми, ти благодариме за се – Македонскиот лав ја заврши репрезентативната кариера

Аријан Адеми одлучил да стави крај на репрезентативната кариера.. Ова го откри селекторот Благоја Милевски, кој вели дека имал разговор со Адеми, но сепак се чини дека играчот за врска е категоричен во својата одлука.

-Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје, вели Милевски.

Адеми првпат заигра за Македонија во 2014 година во натпревар од евро-квалификациите против Луксембург. Оттогаш големиот борец на средината од теренот запиша 30 настапи за репрезентацијата, постигна четири гола и подели една асистенција. Адеми беше дел од тимот кој заигра на историското Европско првенство. Во моментов има 32 години.