Connect with us

Фудбал

Арсен Венгер пред нов ангажман

Легендарниот француски стручњак, Арсен Венгер (68) наскоро повторно би можел да седне на тренерската клупа.

Откако на крајот на минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години водство, се чини дека дојде време Венгер да стане селектор.

„Daily Mail“ тврди дека 68-годишниот Фрнацузин е главен кандидат за нов селектор на Јапонија. Наводно, раководството на фудбалскиот сојуз на оваа земја контактирало со Венгер и тој е нивната прва желба на позицијата селектор.

Јапонците во претходните месеци поминаа низ доста промени во националниот тим. Два месеци пред почетокот на Светското првенство му врачија отказ на Вахид Халихоџиќ, а екипата на Мундијалот ја водеше Акира Нишино.

Иако Нишино успеа да ја помине групната фаза и да ја намачи Белгија во осмина финалето (3:2) одлучи да го напушти местото на селектор, па Јапонците тргнаа во потрага за нов селектор на „Самураите“.

Изборот падна на Венгер, условите ќе му бидат претставени во наредните денови и лесно би можело да се случи Французинот да ја преземе репрезентацијата на Јапонија.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com