Фудбал
Арсен Венгер се враќа на тренерската работа?
Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер би можел да се врати на тренерската работа.
Венгер на крајот на минатата сезона се откажа од местото менаџер на Арсенал после 22 години, а иако имаше намера да ја продолжи кариерата, немаше некои добри понуди.
Сепак, како што пишуваат турските медиуми, Венгер за кратко време би можел да седне на клупата на турскиот великан Фенребахче.
Раководството на овој клуб е незадоволно од резултатите на Филип Коку. Тимот е во навистина лоша позиција во првенството и нивната игра е многу слаба.
Коку за кратко време би можел да добие отказ. Понудата на Фенер наводно е пред Њергусон и се чека одговорот на легендарниот стратег.
Покрај Венгер со клубот од Истанбул се поврзува и Жељко Буваќ, некогашниот помошник на Јирген Клоп во Борусија и Ливерпул.