Фудбал
Арсенал договори големо засилување, се чека одговор од клубот
Лондонски Арсенал ги договори условите со фантастичниот француски играч за врска Хусем Ауар од Лион.
Фантастичниот 22-годишен фудбалер привлече големо внимание кон себе со навистина одлични игри во дресот на Лион. Тој се поврза со бројни клубови, и на крајот го избра Арсенал.
Француските медиуми вечерва објавија дека Ауар ги договорил условите со „топџиите“ и дека сега чекаат одговор на Лион на понудата од Лондон.
Висината на понудата не е позната, но одговорот од Лион треба да пристигне наскоро, па ќе бидат познати повеќе информации.
Ауар е еден од најдобрите млади фудбалери во светот и нема сомнеж дека Арсенал би добил големо засилување.