Connect with us

Фудбал

Арсенал го брка проблематичниот фудбалер, Интер и Јувентус подготвени да го купат

Фудбалерот за врска на Арсенал, Матео Гендузи следната сезона најверојатно ќе има нов клуб. Иако во Лондон пристигна пред две години од Лориен, се покажа како добро засилување, сепак неговото однесување е главниот проблем за тренерот Микел Артета. Како што пишуваат англиските медиуми тој е отстранет од тимот и му било порачано да бара нов клуб, откако на мечот со Брајтон ги навредувал противничките играчи и им рекол дека можат да сонуваат за парите кои тој ги добива и неговите соиграчи.

Очигледно е дека Артета не сака проблематични момчиња, па 21-годишниот Гендузи ќе биде на трансфер листа. Според информациите први во редот се појавија Интер и Јувентус.