Connect with us

Фудбал

Арсенал го обнови договорот со дефанзивецот, навивачите не се среќни

Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, ќе го продолжи договорот со клубот, објавија британски медиуми. Според „talkSPORT“ 33-годишниот Бразилец ќе потпише нов договор за период од една година.

Претходно во медиумите имаше информации дека играчот ова лето може да ги напушти „топџиите“ како слободен агент.

Во сезоната 2019/20, Луиз одигра 33 натпревари за Арсенал, има два гола и една асистенција.

Секако ова нема да им се допадне на навивачите на Арсенал бидејќи Луиз не им е омилен, особено поради слабите партии во последно време, но и поради тоа што долго време го носеше дресот на Челзи.