Connect with us

Фудбал

Арсенал избра нов тренер!

Арсенал конечно го најде новиот тренер и авантурата на Љунгберг како наследник на Емери ќе заврши!

Откако направија некои истражувања, „Топџиите“ и одборот утврдија дека идеален профил за подигнување на амбицијата е актуелниот асистент на Манчестер Сити, Микел Артета, поранешен фудбалер кој некогаш го носеше дресот на Арсенал, 5 години, пред да се пензионира.

Преговорите траат со денови, но денес Манчестер Сити даде „ОК“, а Гвардиола му посака среќа на својот лојален помошник.