Фудбал
Арсенал ја следи ѕвездата на Рома, се „крчка“ договорот меѓу страните
Играчот од средниот ред Брајан Кристанте е главната цел што ја посакува тренерот Микел Артета. Според „Calciomercato.com“, Топџиите веќе подолго време го следат играчот, но сега ќе го гледаат на стадионот.
Фудбалерот ќе биде внимателно следен од скаутите на Арсенал, бидејќи им е наредено да ги видат сите негови детали и квалитети. Италијанецот е под договор со Рома до јуни 2024 година, но би може да премине ова лето во англискиот состав. 24-годишниот играч е во одлично форма и оваа сезона одлично се снајде во дресот на Рома.
