Фудбал
Арсенал најави разделба со Лаказет
Арсенал официјално објави дека се разделува со напаѓачот Александре Лаказет , чиј договор со клубот истекува на 30 јуни. Според информациите во Франција, 31-годишниот фудбалер ќе се врати во Лион . Лаказет беше доведен во Арсенал од овој клуб во јули 2017 година. Оттогаш, тој забележа 206 натпревари за Топџиите на сите турнири, постигнувајќи 71 гол. Во две од тие сезони тој беше најдобар стрелец на Арсенал. Ова се случи во 2017/18 и во 2020/21. Со клубот го освои ФА Купот и Комјунити Шилд
„Лака беше фантастичен играч за нас. Вистински лидер на теренот и надвор од него. Имаше многу важно влијание врз младите играчи. Неговата посветеност беше исклучителна и му посакуваме нему и на неговото семејство среќа и многу успех“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
„Пред пет години ми се исполни сонот да потпишам со Арсенал. За мене беше чест да ја носам маицата и да бидам дел од ова семејство. Освоив трофеи, запознав вистински и убави луѓе и уште повеќе се заљубив во овој клуб. Со среќа во иднина. Бев воодушевен. Еднаш артилерец, засекогаш артилериец. Ти благодарам, Арсенал!“, додаде самиот Лаказет.
🔥 For the 206 games and 71 goals
💪 For your dedication to The Arsenal
Thank you for 𝗲𝘃𝗲𝗿𝘆𝘁𝗵𝗶𝗻𝗴, @LacazetteAlex ❤️
— Arsenal (@Arsenal) June 3, 2022