Фудбал
Арсенал најде нов стопер во Шпанија
Тренерот на Арсенал започна да бара засилување за следната сезона, а примарна цел е да донесе нов стопер.
Според англиските медиуми, договорено е доаѓањето на стопер од Атлетик Билбао.
Тоа е Унаи Нунез, кој игра одлично оваа сезона и досега одиграл осумнаесет натпревари за неговиот клуб.
Тој го направи своето деби и за репрезентацијата на Шпанија, а Артета гледа иднина за него, и е подготвен да плати околу 30 милиони евра за она што го бараат од Билбао.
Иако првата цел на Арсенал беше Упамекано, јасно е дека нема ништо од неговото пристигнување, а останува да се види дали Нунез ќе замине во Арсенал.